Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКоја ќе биде следната Бонд девојка?

Која ќе биде следната Бонд девојка?

Дека филмовите за Џејмс Бонд привлекуваат големо внимание говори и фактот дека публиката е доста заинтересирана за тоа која актерка ќе ја преземе улогата на следната девојка на Бонд, а не само тоа кој актер ќе ја толкува улогата на популарниот агент 007.

Тој интерес, како што пренесува „Digital Spy UK“ било пренесено и во кладилниците, каде поединечни актерки се истакнале со бројот на свои обожаватели. Според кладилницата Paddy Power актерката Марго Роби е на водечката позиција, а зад неа е Емили Блант. Трета е Емили Ратајковски, додека на четвртата позиција Ема Вотсон прилично заостанува зад нив.

Се уште не е познат ниту наследникот на Даниел Крејг, а актерите кои се во игра да ја преземат таа улога се Том Хидлстон, Идрис Елба, Џејмс Нортон, Ејдан Тарнер и Дејмијан Луис. 25 По ред филм за Џејмс Бонд својата премиера би требало да ја има во текот на 2018 година.