Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоја функција ќе ја води Љупчо Николовски, еден од луѓето на доверба на Заев?

Која функција ќе ја води Љупчо Николовски, еден од луѓето на доверба на Заев?

Љупчо Николовски, актуелниот генерален секретар на СДСМ кој важи за еден од најблиските луѓе од доверба на Зоран Заев, доби висока функција во новата влада.

“Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека #можеме”, порача Николовски.