Sunday, Apr 28, 2024
HomeUncategorizedКој го отру рускиот опозициски лидер Алексеј Навални?!

Кој го отру рускиот опозициски лидер Алексеј Навални?!

Најгласниот критичар на политиките на рускиот претседател Владимир Владимирович Путин, опозицискиот лидер и блогер Алексеј Навални (44), е хоспитализиран после неговото труење во авионот на летот од Томск кон главниот град Москва. По влошувањето на неговата здравствена состојба, авионот принудно слетал во градот Омск. Неговата портпаролка  Кира Јармиш, на твитер објави дека на Навални му се слошило за време на летот, и дека најверојатно е отруен „ставајќи му нешто во чајот, кој го пиел за време на летот“. 

Рускиот опозициски лидер беше прво хоспитализиран во Омс, а лекарите не даваа официјална информација, која е причината за неговото труење и лоша здравствена состојба. 

Навални пристигна  во Берлин откако беше евакуиран од сибирскиот град Омск по сомнително турење. Шефот на германската невладина организација „Кино за мир“, Џака Бизил која испрати приватен авион за Навални изјави дека неговата состојба е стабилна.

. Алексеј Навални се води за најжестокиот критичар и опозициски противник на дводеценискиот руски претседател В.Путин, кој повеќе од две децении автократски владее со Руската федерација. Навални жестоко ги критикуваше и уставните реформи со кои на Путин му се овозможија  уште два последователни мандати да владее со Русија. Опозицискиот лидер тоа го нарече „пуч“ и „кршење на уставот“Германската полиција го зголеми обезбедувањето во болницата каде се лекува рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Се уште нема известување од болницата за тоа каква е неговата состојба.