Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКој е Насер Зибери-изневерениот премиер на Ахмети

Кој е Насер Зибери-изневерениот премиер на Ахмети

И покрај тоа што многумина очекуваа дека ДУИ, овие избори ќе оди во опозиција, таков беше и вордингот на веќе стар0-новиот премиер Зоран Заев, сепак бројките ги демантираа сите. Освен Левица, ДУИ е единствената партија, која самостојно ги натфрли гласовите за разлика од минатите парламентарни избори во 2016-та, кога со 89 илјади гласови освои 10 пратенички мандати, а сега со 103 илјади освои за 50% повеќе, односно 15. Голем број на политички аналитичари, овој резултат го должат на шах-матовската политика на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, кој го исфрли кандидатот Насер Зибери, како прв кандидат за премиер Албанец од редовите на ДУИ, водејќи PSE JO предизборна кампања. Изборите завршија, Али попушти, Заев ќе биде старо-нов премиер, а кандидатот на Али, Насер што ќе прави?

-„ Немам коментар,вели тој во изјава за Лајм“на прашањето за веќе договорената коалиција меѓу неговиот партиски шеф Ахмети и лидерот на СДСМ Зоран Заев, според која Заев ќе го заземе „ветеното место на Зибери“.

Насер Зибери завршил Правен факултет. Зибери работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.

На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонијаза соработка со парламентите на Кралство НорвешкаРепублика ФинскаКралство ШведскаКралство Данска и Република Исланд.

Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.

По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.