Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеѓуетничката омраза и насилството од автобуските постојки се префрлија на „Тик Ток“

Меѓуетничката омраза и насилството од автобуските постојки се префрлија на „Тик Ток“

 

Меѓуетничките тепачки и тензии, добија нова димензија, и тоа на популарната кинеска апликација „ТикТок“. Повеќе момчиња брутално тепаат  друго момче, притоа се снимаат, и на крајот   се фалат со своето „дело“ на социјалните мрежи.

На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа.

На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото, многу  јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, а видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанското  знаме. Институциите на системот се на потег, да го расчистат овој грозоморен чин. Често пати, во автобуси, на автобуски постојки, низ училишта и училишни дворови сме биле сведоци на тепачки, чија основа биле меѓуетничките нетрпеливости, односно меѓуетничката омраза, и најчесто биле несанкционирани. Но овој нов „начин “, може да прерасне во тренд меѓу младите, а последиците да бидат несогледливи по стабилноста и меѓуетничките односи во државата.