Wednesday, May 8, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопКои се работите кои им носат среќа на секој хороскопски знак?

Кои се работите кои им носат среќа на секој хороскопски знак?

Секој човек има омилено цвеќе, боја, скапоцен камен, метал, број, ден, мирис. Астрологијата вели дека хороскопскиот знак многу влијае на тоа каква боја најмногу сакате, кој мирис најмногу ве привлекува, дали сакате злато или сребро или пак сосема друг метал, кој ден во неделата ви е најубав или пак во месецот итн.

Овен:
Цвеќе: полско цвеќе
Боја: сите нијанси на црвена
Скапоцен камен: аметист и дијамант
Метал: железо во облик на амајлија
Број: еден
Ден: вторник, први и десетти во месецот
Мирис: лаванда

Бик:
Цвеќе: бела ружа, јоргован
Боја: силни тонови на зелена
Скапоцен камен: смарагд
Метал: бакар во облик на нараквица
Број: шест
Ден: петок, шести и дванаесетти во месецот
Мирис: есенција од ружа

Близнаци:
Цвеќе: бозел
Боја: жолта, боја на сенф
Скапоцен камен: топаз
Метал: жива
Број: пет и сите броеви деливи со пет
Ден: среда, петти, четиринаесетти и дваесет и трети во месецот
Мирис: ванила

Рак:
Цвеќе: орхидеја
Боја: сина и сите светликави бои
Скапоцен камен: бисер
Метал: сребро-како накит и украсни предмети во домот
Број: седум и сите броеви деливи со седум
Ден: понеделник, седми, четиринаесетти и дваесет и седми во месецот
Мирис: есенција од орхидеја, сандаловина и мента

Лав:
Цвеќе: циклама, гераниум и сончоглед
Боја: златно-жолта и портокалова
Скапоцен камен: рубин
Метал: злато
Број: десет и сите броеви деливи со десет
Ден: недела, десетти во месецот
Мирис: амбер

Девица:
Цвеќе: јаболков цвет
Боја: сите нијанси на сива и сина
Скапоцен камен: корал во форма на привезок
Метал: сребро во облик на наракавица
Број: шест и сите броеви деливи со шест
Ден: среда, петти, четиринаесетти и дваесет и трети во месецот
Мирис: зумбул

Вага:
Цвеќе: каранфил во потемни бои
Боја: небесно сина, зелена и розева
Скапоцен камен: смарагд и аквамарин
Метал: бакар
Број: шест
Ден: петок, шести во месецот
Мирис: есенција на каранфил

Скорпија:
Цвеќе: ружа
Боја: виолетова и темно розова
Скапоцен камен: топаз, аквамарин
Метал: железо и сребро
Број: девет и сите броеви деливи со седум
Ден: вторник, деветти, осумнаесетти и дваесет и седми во месецот
Мирис: есенција на ружи

Стрелец:
Цвеќе: камилица
Боја: светло сина и тиркизна
Скапоцен камен: тиркиз, смарагд и топаз
Метал: необработен калај
Број: три и сите броеви деливи со три
Ден: четврток, трети, дванаесетти и триести во месецот
Мирис: есенција на љубичица

Јарец:
Цвеќе: нарцис, хризантема, зумбул
Боја: црна, сива и темни нијанси на виолетова
Скапоцен камен: оникс
Метал: олово
Број: осум и сите броеви деливи со осум
Ден: сабота, осми, седумнаесетти и дваесет и шести во месецот
Мирис: есенција на нарцис

Водолија:
Цвеќе: маргарита
Боја: сите нијанси на сина
Скапоцен камен: сафир, опал
Метал: никел и челик
Број:седум и сите броеви деливи со седум
Ден: сабота, седми, четиринаесетти, дваесет и први и дваесет и осми во месецот
Мирис: јоргован

Риби:
Цвеќе: јасмин и глог
Боја: тиркиз, виолетова и сите пастелни бои
Скапоцен камен: аквамарин, корал, аметист
Метал: сребро
Број: три и сите броеви деливи со три
Ден: четврток, трети, дванаесетти и триести во месецот
Мирис: есенција на јасмин