Monday, Mar 27, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонКога ќе може да се купи новиот iPhone 7?

Кога ќе може да се купи новиот iPhone 7?

iphone-7-iphone-7-plus-blue-design-martin-hajek-1

Познатиот ликстер Еван Блас, кој ретко греши, тврди дека новите модели на iPhone 7 и iPhone 7 Pro ќе бидат пуштени во продажба најрано на 12 септември или само неколку дена по официјалната промоција која Apple ќе ја одржи во Купертино. Evleaks досега бил во право за многу информации, па овој пат ќе му веруваме на зборот.

Засега нема детали за цената, но со оглед на тоа што основниот iPhone 7 ќе биде мала надградба може да се очекува да чини 199 долари со склучен договор или околу 650 долари само како уред, а поголемиот iPhone 7 Pro кој е сосема нов модел и ќе биде далеку помоќен очекуваме да ја има и највисоката цена до 1000 долари.

Извор: telefoni.mk