Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКочан со милион евра си ја купи слободата

Кочан со милион евра си ја купи слободата

Судијата на претходна постапка, Даниела Димовска, одлучи дека нема притвор за бизнисменот Сеад Кочан кој повеќе од два месеца беше во бегство. Одземен му е пасошот, што би значело дека не би можел да оди на „службен пат“ надвор од земјава и дал гаранција во износ од 1 милион евра, јавува „Алсат-М“

Ваквата одлука на скопска Единица следува откако Врховниот суд го укина притворот кој претходно го донесоа пониските судови. Лично за Кочан да не помине ниту една ноќ во затворот во Шуто Оризари се погрижи кумот на Трајко Вељаноски, шефот на Врховен, Јово Вангеловски. Преку ротации во Советот, кој треба да одлучува, обезбеди мнозинство и притворот го укина.

СЈО најави дека ќе ја обжали одлуката на Кривичниот суд со кој притвор за бегалецот Сеад Кочан – нема.

Неговиот адвокат пак, вчера овбјасни дека тој е со сериозно нарушено здравје.