Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКоалиционите партнери ги договараа принципите за нова влада, преговорите продолжуваат

Коалиционите партнери ги договараа принципите за нова влада, преговорите продолжуваат

Рокот од 20 дена за формирање на владата веќе истекува, а коалиционите партнери кои се дел од парламентарното мнозинство ги утврдуваат принципите врз кои ќе се формира конечен договор. Мандатарот Зоран Заев утре ги почнува средбите со Зијадин Села предводникот на Алијанса за Албанците, кој најави дека утре на прес конференција ќе и се обрати на јавноста првпат по настаните од 27 април, кога заврши на ургентен.

Од СДСМ информираа дека денеска вршат консултации во рамки на партијата, а меѓупартиски средби засега немаат закажано. Од движењето БЕСА велат дека, нивните работни групи денеска работат на усогласување на ставовите после вчерашните преговори со Социјалдемократите.

Досега претставниците на сите партии изјавија дека не преговарале за конкретни барања, туку за принципите врз кои би требало да биде формирана идната влада.

Сепак, никој засега не потврдува ништо официјално. Заев има рок од 20 дена за состав на владата, но најави дека тоа ќе се случи многу порано.

Извор: tvnova.mk