Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп: Разочарување, јас сум виновен

Клоп: Разочарување, јас сум виновен

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп изјави дека ја превзема одговорноста за слабата игра на својот тим во второто полувреме од финалето на Лига Европа. Англискиот тим во финалето од Лига Европа беше поразен од Севиља со 3:1, иако имаше гол предност на полувреме. Сепак играта на Ливерпул се распадна во продолжението, Севиља заигра многу подобро и брзо направи пресврт, за третиот трофеј по ред во ова елитно натпреварување.

„Не бев среќен на почетокот. Постигнавме одличен погодок, а еден беше и поништен. Предноста од 1:0 е обично добра. Првиот примен гол не беше проблем, но она што се случи подоцна да. Потполно ја загубивме вербата и бевме многу нервозни во одбраната. Тоа значи дека не сме напредувале онолку колку што се надевавме“, изјави Јирген Клоп после пораот на Ливерпул.