Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Ќе ве расплаче: Куче не сака да се тргне од ковчегот на сопственикот кој загина во земјотресот

(Видео) Ќе ве расплаче: Куче не сака да се тргне од ковчегот на сопственикот кој загина во земјотресот

Емотивното видео со куче кокер кое со часови лежи до ковчегот на својот мртов сопственик и одбива да се тргне, дефинитивно го обиколи светот. Сопственикот на ова куче, Андреа Косу (45) е еден од 290 загинати во земјотресот, кој се случи рано утрото на 24 август. Андреа, годишниот одмор го поминувал во Пескара дел Тронто, кога загинал во зградата која се срушила.

За време на масовниот погреб на дел од жртвите, кучето Флеш мирно лежело до ковчегот на сопственикот кој цел живот се грижел за него.

-Флеш и Андреа беа неразделни, – изјавиле членови на семејството, пренесуваат тамошните медиуми.

Телото на несреќниот сопственик на Флеш е префрлено во Помеција каде живеел и каде во петокот бил погребан.