Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинескиот претседател бесен на богатите тинејџери

Кинескиот претседател бесен на богатите тинејџери

На социјалната мрежа „Инстаграм“ богатите тинејџери привлекуваат се повеќе внимание, што и е нивната цел, но тоа го забележал и кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој воопшто не му се допаднало нивното однесување. Младите богати Кинези, кои себеси се нарекуваат „Втората богата генерација“ возат скапи автомобили, имаат приватни јахти и авиони, носат облека од неколку десетици илјади евра, а на излегување порачуваат прескапи пијалоци.

На властите во Кина воопшто не им се допаѓа ова однесување на младите, а претседателот Си Џинпинг го забрани појавувањето на младите во ријалити програми за и понатаму да не ја уништуваат јавноста.

Поголемиот дел од јавноста не го одобрува нивното однесување и смета дека овие богати Кинези никогаш не ја научиле вредноста на парите. Според соопштенијата од медиумите, многу од профилите на овие млади на социјалните мрежи веќе им се блокирани.