Sunday, May 5, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКазна за Ерменија поради инцидентот со знамето на „Евровизија“

Казна за Ерменија поради инцидентот со знамето на „Евровизија“

Организаторите на „Евровизија“ ја осудија натпреварувачката на Ерменија која за време на својот настап на натпреварувањето во Стокхолм, го веела знамето на азербејџанската област Нагорно-Карабах. Пејачката на Ерменија Ивета Мукучјан го веела ова знаме за време на синоќашната квалификациона вечер. Областа Нагорно-Карабах, најмногу населена од Ерменци, влегува во состав на Азербејџан, но е под контрола на ерменските сепаратисти.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) која е и организатор на натпреварувањето „Евровизија“, го осуди овој настан како „сериозен прекршок“ на забраната да се упатуваат било какви политички пораки за време на ова натпреварување. ЕБУ наведе дека ерменската јавна телевизија ќе биде казнета, а како, ќе биде објавено покасно.

Исто така ставено е до знаење дека секое наредно кршење на правилата и прописите на ова натпреварување ќе значи и дисквалификација од натпреварувањето на таа земја. Натпреварувачите на Ерменија и Азербејџан успеаја да се квалификуваат за финалната вечер која ќе се одржи во сабота.

Знаме 2