Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева за утре најави нова прес – конференција

Катица Јанева за утре најави нова прес – конференција

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за утре најави нова прес-конференција.

Во соопштението испратено од кабинетот на Јанева стои: „Ве известуваме дека утре со почеток во 13,30 часот во просториите на ова Јавно обвинителство ќе се оддржи прес – конференција“.

Во соопштението не е наведено дали Јанева на оваа прес-конференција ќе го произнесе ставот на Специјалното јавно обвинителство во однос на вчерашната одлука на претседателот Ѓорѓе Иванов за „општата амнестија“ или ќе објави нов случај.