Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева бара физичко обезбедување за специјалните обвинители

Катица Јанева бара физичко обезбедување за специјалните обвинители

Специјалното јавно обвинителство денеска до Министерството за внатрешни работи доставило барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на специјалните обвинители. Барањето на Јанева за засилено обезбедување доаѓа по вчерашниот говор на Груевски кој на Годишната конференција на Унија на жени на партијата.

– Мислам дека после тоа, после оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, рече Груевски.

Од МВР велат дека барањето ќе биде разгледано, а одговорот ќе биде благовремено доставен со Специјалното јавно обвинителство.