Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКасами најави можна соработка со Села за вториот круг од локалните избори

Касами најави можна соработка со Села за вториот круг од локалните избори

Претседателот на БЕСА Билал Касами денеска изјави дека ќе иницира разговори со првиот човек на Алијанса за Албанците Зијадин Села за можна коалиција и соработка во вториот круг на локалните избори.

– Денес, исто така, ќе комуницирам со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, да ги започнеме разговорите и да ги конкретизираме можностите за соработка, во сите оние општини каде што одиме во вториот круг за да го максимизираме резултатот, рече Касами одговарајќи на прашањето дали ќе има соработка меѓу БЕСА и Алијансата за Албанците за вториот круг од изборите.

Касами изјавата ја даде по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на Самитот 100 во Скопје. Рама имаше средби и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, Села од Алијанса на Албанците, претседателот на ДПА Мендух Тачи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.