Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКање Вест и Келвин Харис посакуваат мега соработка

Кање Вест и Келвин Харис посакуваат мега соработка

Извори блиски до диџејот и хит продуцент Келвин Харис откриваат дека можна е соработка со контроверзниот рапер Кање Вест. Двајцата музичари би направиле мега соработка со заразен ритам и остар текст на раперот.

Двајцата се зближиле на забавата за роденденот на Џенифер Лопез, па останува само да го усогласат распоредот и да влезат во студио. Харис во изминатите две години продуцираше неколку мега хитови со соработки со големи ѕвезди кои стигнаа до врвот на топ листите.