Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМогерини на гости кај Лавров: Несогласувања постојат, но соработка мора да има

Могерини на гости кај Лавров: Несогласувања постојат, но соработка мора да има

ЕУ и Русија во обид да ги „измазнат“ односите. Могерини на гости кај Лавров. Шефовите на дипломатиите на ЕУ и Русија не успеаја во Москва да ги надминат несогласувањата, но се обврзаа на поблиска соработка. Ова за Могерини беше прва официјална посета на Русија откако стапи на функција шефица за надворешна политика во 2014 година. Таа наведе дека соработката помеѓу Брисел и Москва „не е замрзната“, туку закочена со длабоки несогласувања особено во поглед на Сирија и Украина.

По прашањето за Украина меѓу Европската унија и Русија сé уште остануваат многу разлики. Ова го изјави Високиот претставник на ЕУ за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини по преговорите во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува TACC.

„Дефинитивно ЕУ има некои глобални несогласувања со Русија на прво место по прашањето со Украина. Но има и прашања за кои соработуваме, и имаме намера да ја прошириме оваа соработка и во други сфери, каде Русија и ЕУ може да бидат корисни во решавањето на постоечките кризи“, истакна италијанскиот дипломат.

Могерини истакна дека „освен украинското прашање постојат и други области на загриженост“.

„Но, ние се надеваме дека преку отворен и пријателски дијалог ќе можеме некако да го решиме овие проблеми“, додаде Могерини.
Зборувајќи по средбата со Лавров, највисокиот дипломат на Брисел беше категорична дека „во овој тежок период не смее да биде губитник ниту еден сантиметар од можната територија на соработка“.

„Ние носиме одговорност пред човештвото, затоа сме должни да најдеме заеднички став за решавање на кризите“, истакна Могерини.

Лавров пак, истакна дека Русија планира целосно да ја обнови соработката со Европската Унија, најголемиот трговско-економски партнер на федерацијата.

– Повеќепати ја изразувавме принципиелната подготвеност за нормализирање на односите, со темпо што ќе биде прифатливо за ЕУ, кажа Лавров.

Москва ја повикува ЕУ да се фокусира врз заедничките реални закани, а не врз измислените безбедносни ризици, додаде Лавров. Тој и заблагодари на надворешнополитичката служба на ЕУ за изразите на сочуство, што беа упатени по повод неодамнешниот терористички напад во Санкт Петербург.