Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКанабисот го забрзува заздравувањето по фрактура на коските

Канабисот го забрзува заздравувањето по фрактура на коските

Израелските научници со ново откритие за канабисот. Истражувањето на Унвиерзитетот во Тел Авив покажува дека состојката на канабисот наречена ЦБД може да го забрза заздравувањето по фрактура на коските. Во експериментите, спроведени на животни, било утврдено дека оваа сосотјка на канабисот помага за побрзо заздравување на коските и тоа во рок од осум дена.

Поранешни студии веќе покажаа дека рецепторите на канабис го стимулираат зајакнувањето на коските и го ограничуваат губењето на коскената маст мај луѓето. Научниците веруват дека ЦБД има клинички потенцијал и за третирање на заболени од остеопороза. Според нив, докажано е дека ЦБД нема несакани ефекти.