Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКамени мост преполнет со народ, полицијата блокира и враќа назад

Камени мост преполнет со народ, полицијата блокира и враќа назад

Откако демонстрантите се соочија со блокада пред Собранието се решија преку главниот плоштад и Камениот мост да се упатат кон Владата на Република Македонија, но се соочија со уште една препрека на патот составена од големо полициско обезбедување.

Демонстрантите извикуваат Слобода, слобода, пуштете не да се движиме! Настана и мала паника со оглед на масовноста на толпата и меѓу нив се раширија извици дека ќе се фрлат во Вардар ако не ги пуштат да пројдат, за потоа да се донесе одлука да се вратат назад за да не дојде до несакани последици.

Новиот плоштад „Карпошово востание“ пред влезот на Старата чаршија е како опседнат од полициски сили на специјалните единици со голем број на оклопни возила, па затоа демонстрантите немаа друг избор освен да се вратат назад и централниот собир да го одржат пред Владата, но влегувајќи од пролазите кон главната пошта кон булевар „Илинден“.

Репортер: Христијан Станоевиќ

Фото: Кристина Атовска