Sunday, Apr 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопКаков викенд ве очекува според хороскопот?

Каков викенд ве очекува според хороскопот?

ОВЕН
Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот, од страна на едниот родител, може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте може да биде исклучително силна. Можни се и друг вид на случувања во врска со домот или едниот родител на физички и на психолошки план. Можни се остварувања на некакви наследни процеси и активности, на некаква недвижнина или пак некакво вложување во истото во што пријателите ќе ви се најдат со совет или конкретна помош.

БИК
Викендов ќе бидете исполнети со емоции. Имате потреба да бидете во кругот на семејството. Ако имате деца, поголемиот дел од времето ќе им го посветите ним. Имате чувство дека пропуштате нешто што нема да се врати. Партнерот ќе се однесува по малку неодговорно. Но, вие сте решени да не го забележувате тоа. Живеете во свој свет и не дозволувате да ве исфрлат од рамнотежа. Ако сте сами, можна е средба со една личност од минатото која никогаш ја немате заборавено. Сепак потсетете се на некои заеднички моменти, пред повторно да направите грешка.

БЛИЗНАЦИ
Викендов ќе се чувствувате осамено и емотивно. Имате потреба за близина и некој да ве сфати, но како сите околу вас да си го нашле своето место и заборавиле на вас. Внимавајте и не паѓајте во очај. Алкохолот воопшто не е решение за вашата моментална состојба. Тој само ќе ве направи уште поемотивни. Партнерот ќе се обиде да ве изненади, но и тоа нема да може да ве оттргне од меланхолијата во која сте западнати. Слободните близнаци ќе имаат повеќе средби и дружења. Можно е да запознаат една личност која живее далеку од нив.

РАК
Имавте бурна седмица исполнета со работа и работни средби. Атмосферата на работното место беше исцрпувачка и време е да одморите. Имате потреба да отидете надвор од градот, на некое место покрај вода. Таму ќе можете да се смирите и да се подготвите за следниот период. Сепак нема се да биде онака како што сте планирале. Партнерот ќе има некои свои идеи и ќе морате да направите компромис. За ваша среќа немате многу енергија за расправии. Ако сте сами, ќе имате можност за повеќе средби. Која ќе ја одберете зависи од вас. Имате пад на имунитетот, чувајте се од вируси.

ЛАВ
Првиот ден од викендот ќе го поминете во завршување на обврските кои ги имате. Се чувствувате еуфорично и сметате дека одморот само ќе ви одземе време и нема да можете да ги завршите големите планови што ги имате. Премногу сте завртени кон себе и воопшто не сте заинтересирани за семејството. Внимавајте и не предизвикувајте неволји. На партнерот му недостасува внимание и време е да го забележите тоа. Ако сте сами, едно дружење преку социјалните мрежи може да ве заинтересира.

ДЕВИЦА
Овој викенд ќе имате желба да отидете некаде подалеку. Дружењето со семејството надвор од границите ќе ве наполни со енергија и ќе бидете помалку еуфорични. Обидете се да бидете коректни во однос на партнерот. Неговите обиди да ве задоволи наидуваат на ѕид. Ако мислите дека тој тоа не го забележува, се лажете. Личноста што ви се врти во мислите сака авантура и можете да останете разочарани. Затоа бидете прибрани и не рушете си ги односите што веќе ги имате изградено. Ако сте сами, можно е да сретнете личност со која ќе воспоставите совршена комуникација.
horosko sreka
ВАГА
Имате голема желба да се скриете некаде и да побегнете од сите. Имавте тежок емотивен период и не знаете дали сето тоа што ви се случува има крај. Деновиве е можно да отидете на кратко патување и психички да се одморите. Партнерските односи ви се напнати. Партнерот на моменти се однесува како да ве разбира, а во следниот момент сето разбирање паѓа во вода. Ако сте сами, можно е во поголемо друштво да сретнете една личност од минатото. Емоциите ќе ве обземат и нема да знаете што да направите.

СКОРПИЈА
Првиот ден од викендот веројатно ќе морате да завршите некои работи кои ви заостанале. Емотивно сте исцрпени, но сепак сте задоволни од постигнатото. Во овој период оптимизмот не ве напушта и тоа расположение ќе сакате да го пренесете на семејството и на пријателите. Партнерот живее во свој свет и веќе сте навикнати на тоа. Овој викенд ќе се обидете да се приспособите за да не морате да му давате објаснувања кои ве вадат од такт. Ако сте сами, деновиве ќе одите од забава до забава и ќе се надевате дека ќе запознаете некого. Не брзајте. Дозволете работите да се случат сами.

СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате како да сте поделени на два дела. Од една страна полни сте со енергија и имате потреба за комуникација, а од друга имате желба да бидете сами и да молчите. Работите што ви беа наметнати во изминатиот период ќе морате повторно да ги изџвакате и да донесете конечно решение. Ако сте сами, можна е средба со личност која е доста постара од вас. Тоа ќе биде добар спој на млад дух и искуство. Ако сте во брак или подолга врска, викендов ќе го искористите за посета на семејството.

ЈАРЕЦ
Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и за се да имате причина и оправдување, но на крај да дојдете во конфликтна ситуација или однос со некој постар или поавторитетен во својата околина, или пак претпоставен ако сте деловно ангажирани во саботата. Од друга страна, имате тенденција што некакви однесувања да ги прогласите веднаш за навика, за да не давате образложенија за нив. Неделата сепак порелаксирана и потребно е да се зафатите со дневни мали ситни обврски кои ќе ги завршите истиот ден.

ВОДОЛИЈА
Свесни сте дека го запоставивте семејството и дека ќе треба да направите некои чекори повторно да му се приближите. Викендот ќе биде идеален за такво нешто. Партнерските односи се стабилизираат, но бидете внимателни како се однесувате. Ве измачува една личност од минатото и сакате да ја сретнете повторно. Ако сте слободни, можно е на некое место за забава да запознаете некого кој нема да ве остави рамнодушни. Проверете го здравјето. Можни се проблеми со жолчката.

РИБИ
Аспектите говорат дека се можни некакви добивки на потрошни материјални нешта преку партнерот, односно зголемување на финансиите поради него или во врска со него. Можеби не само поради неговиот деловен ангажман туку и поради некакви наследства, продажба на негов имот и слично. Неоспорни се чувствата кон партнерот, иако во суштина малку повеќе поседнички од потребното, ако воопшто има место за такви потреби. Но насоката на интересите кон партнерството може да има и други, негативни насоки во зависност од вашите лични хороскопи.