Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКако полесно да ги преспиете летните спарни ноќи?

Како полесно да ги преспиете летните спарни ноќи?

Екстремно високите температури не нѐ поштедија ниту ова лето. Како во текот на денот, така и навечер е речиси неподносливо да заспиеме без при тоа да имаме некој проблем. Во прилог ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите во овие спарни летни ноќи.

1.ПУШТЕТЕ ГО ВОЗДУХОТ ДА СТРУИ – Направете го ова непосредно пред да легнете: Поставете го вентилаторот наспроти прозорот, а потоа затворете го окното, со што ќе направите вештачка промаја.

2.КОРИСТЕТЕ ГО ПАМУЧНИОТ ЧАРШАФ КАКО ПРЕКРИВАЧ –  Памукот и ленот се материјали кои ѝ овозможуваат на кожата да дише.

3. ЗАМЕНЕТЕ ЈА ГОЛЕМАТА, МЕКА ПЕРНИЦА СО ПОМАЛА И ПОТВРДА – Таквата перница е постудена, раскошните меки перници само ја впиваат топлината од главата.

4. МОКРАТА КОСА МОЖЕ МНОГУ ДА ПОМОГНЕ – Чувството на влага на главата ќе ве разлади доволно за да потонете во сон, а и косата брзо ќе ви се исуши поради топлото време.

5. КОРИСТЕТЕ ЛЕСНА И УДОБНА ОБЛЕКА  –  Нека биде тоа лесна памучна маица, по можност на прерамки и барем еден број поголема од вашиот конфекциски број.

Chilling-during-hot-summer-night6. ПОТОПЕТЕ ГИ НОЗЕТЕ ВО ЛЕГЕН СО СТУДЕНА ВОДА – Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, па на овој начин ќе го разладите организмот одвнатре.

7. НАПРАВЕТЕ ЕЃИПЕТСКА НОЌНИЦА – Или попросто, обвиткајте се со влажен чаршав. Легендата вели дека на тој начин древните Египјани се справувале со пустинските горештини.

8. НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ – Тоа дополнително ќе ви го загрее телото. Ако сте гладни, доволен е мал оброк.

9.  ШТО ПОНИСКО НИВО НА СПИЕЊЕ, ТОА ПОДОБРО – Ако е потребно, ставете го душекот на подот.

10. СЛАМАРИЦИТЕ И ЛЕЖАЛКИТЕ ЗА НА ПЛАЖА ОВОЗМОЖУВААТ ПРОТОК НА ВОЗДУХ – Вметнете една под вашата постелина.