Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКај брегот на Либија исчезнати 100 мигранти

Кај брегот на Либија исчезнати 100 мигранти

Се стравува дека 100 мигранти го загубиле животот во судир на брод во Медитеранот кај брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграции повикувајќи се на изјавите на преживеаните. Кога тргнал од Либија, бродот превезувал околу 650 лица.

Италијанската морнарница успеала да спаси 562 лица, но 100 од нив се водат како исчезнати, па ова би можела да биде една од најтешките трагедии од почетокот на мигрантската криза. Ди Џакомо истакна дека мигрантите многу ретко користат толку големи и тешки бродови во обидите од Либија да дојдат до Европа.