Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКадети се затруле со храна во полициската академија

Кадети се затруле со храна во полициската академија

Најмалку 12 кадети на полициската академија во Скопје пријавиле труење со храна, а тројца студенти со возила на брза помош хоспитализирани, јавува ТВ24, повикувајќи се изјави на студенти кои побарале да останат анонимни.

Според истите извори, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство во моментов вршат проверки во Центарот за обука.

Центарот за обука ги демантираа информациите на ТВ24 и тврди дека се работи за еден студент кој имал стомачен вирус, а другите кадети од страв пријавиле труење.