Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЈужновардаскиот дел од Македонија влегува во портокаловата зона

Јужновардаскиот дел од Македонија влегува во портокаловата зона

Јужновардарскиот регион од државата денес влегува во портокаловата зона, токму поради тоа Министерството за здравство информира дека во јужновардарскиот регион од Македонија (Штип, Радовиш, Демир Капија, Струмица и Гевгелија) да не бидат одржувани било каков вид на спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Исто така Министерството за здравство упатува препорака и до установите за згрижување на деца (градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не се практиува одредена физичка активност во овој период од денот.

Редовно земање на терапија кај хронично болните, неизлегување на отворено во овој период од денот, носење лесна и светла облека, хигиена на раце и хигиенски начин на приготовка на храна се дел од општите препораки од државата кои граѓаните треба да ги почитуваат на овие жешки температури.