Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед со победа ја заврши сезоната

Јунајтед со победа ја заврши сезоната

Вечерва на Олд Трафорд Манчестер Јунајтед го одигра последниот натпревар за оваа сезона победувајќи го со 3:1, а погодоците за Јунајтед ги постигнаа Вејн Руни, кој стрелаше по 100ти пат за Јунајтед на Олд Трафорд, Маркус Рашфорд и Ешли Јанг. Оваа победа за Јунајтед нема да промени ништо, туку е само потврда за петата која води во Лига Европа следната сезона.

„Црвените ѓаволи“ имаат исти бодови како и Манчестер Сити, но имаат далеку послаба гол разлика, и токму поради тоа, како и пред неколку сезони, тогаш загубија титула на гол разлика, сега загубија ЛШ позиција на гол разлика. Со ова официјално се стави крај на сезоната во Премиер лигата, а Манчестер Јунајтед за неколку дена ќе го игра финалето од ФА купот против екипата на Кристал Палас.

1823254801573b87c5a4c40040280380_w640