Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТуск и Јункер му ја честитаа победата на Вучиќ

Туск и Јункер му ја честитаа победата на Вучиќ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и на Европската комисија, Жан-Клод Јункер му честитале српскиот премиер Александар Вучиќ за неговата победа на претседателските избори. Според нив гласањето ја потврдува силната поддршка кон него во земјата, пренесе Танјуг.

„Ова гласање за доверба покажува дека народот на Србија целосно го поддржува европскиот пат кој вие сте го избрале и кој ќе доведе до членство во ЕУ“, пишува во нивната заедничка честитка.