Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈовановиќ: Фатмир е добар економист, ама ДУИ само сака да лапне што е можно повеќе тендери

Јовановиќ: Фатмир е добар економист, ама ДУИ само сака да лапне што е можно повеќе тендери

Фатмир Бесими е добар економист. Има докторат од Британија, има работено во Народна Банка, уште пред да влезе во политика. Без дилема, многу поквалитетен од Нина.

Но тоа не е битно. Битно е дека државните финансии ги препуштате на ДУИ.

ДУИ, кои откако ги сменија униформите за одела, гледаат само како да лапнат што е можно повеќе тендери, како да стават на државен платен список што е можно повеќе свои членови (по можност и да седат дома), како да поделат што е можно повеќе субвенции на свои гласачи, како да изградат што е можно повеќе дивоградби за своите бизниси.

Во најголемата економска криза во поновата историја, кога илјадници луѓе остануваат без работа, кога многу мали фирми се на раб на затворање, кога економската активност паѓа повеќе од 10%.

Затоа, ве молам, немојте да зборувате за тоа како економијата ви била важна, како ќе сте се фокусирале на неа, како ќе сте обезбедиле економски развој. Наведнете глава и молчете, јасно ни е дека ве натерале да капитулирате, напиша Јовановиќ поранешниот советник на екс министерот за финансии Тевдовски.