Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЈелена Карлеуша ќе ја освојува турската сцена?

Јелена Карлеуша ќе ја освојува турската сцена?

Продуцентската куќа “Ај Јапим” веќе некое време се обидува да ги придобие српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг- фудбалерот Душко Тошиќ да им дозволат на нејзините екипи да ги следат нонстоп 24 часа и да го снимат сето тоа. Камерите би ги следеле нивните заеднички моменти во Истанбул, каде што настапува Тошиќ за Бешикташ, но дел од нив ќе бидат поставени во нивниот дом во Белград.

– Најголемата турска продуцентска куќа што стои зад голем број серии, ги убедува Јелена и Душко да бидат ѕвезди на реално шоу во период од два месеци – изјавил извор близок до познатиот пар.

Поради тоа што живеат во две земји и поминуваат малку време заедно, еден тим би ја следел Карлеуша со сите нејзини настапи и гостувања, а друг би го следел Душко на тренинзите и на натпреварите – открива извор близок до Тошиќ.
Турците биле подготвени да го одврзат ќесето за да ја убедат Карлеуша на овој проект, за кој мислат дека ќе биде успешен поради нејзините изглед, тело, облекување и слава.
Додека Јелена е на чекор до прифаќање на понудата, нејзиниот сопруг не сака да биде во центарот на вниманието, не сака да се разголи пред јавноста и да си ја продаде приватноста, ниту за огромна сума пари.