Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева ќе ги добие парите на 2-ри ноември, Советот не дава повеќе од 7 обвинители

Јанева ќе ги добие парите на 2-ри ноември, Советот не дава повеќе од 7 обвинители

Специјалниот обвинител, Катица Јанева, на 2 ноември ќе ги добие потребните пари за функционирање на новоформираното специјално обвинителство. Ова го потврди министерот за финансии, Зоран Ставрески и рече дека парите се обезбедени, а за тоа ќе се разговара на следната владина седница, по што се очекува Собранието да го изгласа буџетот.

Но, бројот на помошници на специјалниот обвинител се уште е енигма. Катица Јанева испратила известување до Советот на Јавни обвинители, во кое им укажува на обвинителите дека и се потребни сите помошници кои ги побарала бидејќи ќе се работи на повеќе од 30 предмети од бомбите.

Ниту ова писмо не ги предомислува во советот. Претседателот Петар Аневски вели дека ни сега нема намера да закаже седница за барањето на специјалната обвинителка. Јанева во писмото бара обвинителите да бидат избрани што поскоро бидејќи роковите за почеток на нејзината работа поминуваат и одеднаш ќе мора да се работат многу по број, но и обемени предмети. Од Советот велат дека за нив тоа не се нови околности кои би наложиле итна потреба да се изберат обвинители.

Изборот на обвинителите на Јанева го следи и мисијата на ОБСЕ. Странските набљудувачи велат ќе присуствуваат на сите седници додека не се избере целиот тим, но тие немаат мандат да ја следат нејзината работа.