Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзвештајот за импичмент пред пратениците, Иванов мирен

Извештајот за импичмент пред пратениците, Иванов мирен

Претседателот Ѓорге Иванов може мирно да ја следи денешната расправа за извештајот со предлог за негов импичмент бидејќи најпрво комисијата не го прогласи за основан, а за да се најде на пленарна седница потребна е големо мнозинство на гласови од 82 пратеници.

Иванов сигурно повторно ќе ја добие поддршката од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ која иако му се „лутеше“ за аболицијата смета дека донел законска одлука. Подоцна аболицијата на два пати беше укинувана што се докажа дека потегот беше чисто политичко промашување, но тоа нема никако да влијае врз Иванов.

Од СДСМ бараат одговорност од претседателот за неговото арбитрерно однесување и пречекорување на надлежностите.