Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзвештај на германското МВР: Турција се претвори во центар на радикални исламистички групи

Извештај на германското МВР: Турција се претвори во центар на радикални исламистички групи

Со спроведената исламизација на својата внатрешна и надворешна политика, Турција од 2011 година се претвори во центар на исламистичите групи што дејствуваат во регионот на Блискиот Исток, се наведува во доверлив извештај на германската Влада.

Како што јави ДПА, повикувајќи се на германската државна телевизија АРД, чии новинари дошле до извештајот, документот бил изготвен од страна на Министерството за вантрешни работи на Германија врз основа на сознанија на федералната разузнавачка агенција БНД.

Во извештајот се посочува дека со континуираната солидарност и поддршка на египетското исламистичко движење Муслиманско братство, на палестинската радикална организација Хамас и на вооружените исламистички бунтовнички групи во Сирија, турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јасно ја покажале својата идеолошка блискост со овие групации.

Ова е прв официјален документ на германската Влада во која Анкара е обвинета за поврзаност со движењето Хамас кое ЕУ, САД и Израел го сметаат за терористичка организација.