Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзраел донесе закон за присилно хранење на затворениците

Израел донесе закон за присилно хранење на затворениците

Израелскиот парламент усвои закон со кој се дозволува присилно хранење на затвореници кои штрајкуваат со глад, на што остро се против Здружението на лекари на Израел. По долгата парламентарна расправа коалицијата на десницата, предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, изгласа закон со 46 гласа за и 40 против во Кнесетот, кој има 120 пратеници.

Израел стравува дека можните смртни случаи кои се последица на штрајкот со глад, може да предизвикаат протести на окупираниот Западен брег и во источен Ерусалим. Палестинските затвореници се почесто се одлучуваат да штрајкуваат со глад. Здружението на лекари смета дека присилното хранење претставува облик на мачење и медицински е опасно и ги повика израелските лекари да не го почитуваат овој закон.