Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИвона Талевска повеќе не е главен уредник на „Вечер“

Ивона Талевска повеќе не е главен уредник на „Вечер“

Весна Миќиќ Божиновска е нов главен и одговорен уредник на дневнот весник „Вечер“ откако е смената претходната уредничка Ивона Талевска.

Како што објавува „Плус инфо“, Талевска не доаѓала на работа последниот месец, а колегиумите ги одржувал директорот на весникот.

Во уредувачкиот тим на „Вечер“ веќе не е ни Драган Павловиќ-Латас, кој во 2012 година ја напушти функцијата на глодур, а потоа фигурирал како уредник на политичкиот дел.

За заменик на главниот и одговорен уредник на весникот е назначена Елизабета Арсоска која долги години е дел од тимот на „Вечер“.

Од денеска е сменет и импресумот на весникот.