Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаKaj Иванов врамен стои Манифестот на „За заедничка Македонија“

Kaj Иванов врамен стои Манифестот на „За заедничка Македонија“

Во Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов врамен стои Манифестот на четвртиот Илинден на иницијативата „За заедничка Македонија“. Народната канцеларија, освен со Манифестот, е збогатена и со логоата на иницијативата „За заедничка Македонија“ кои се залепени од внатрешната страна на прозорците, а се гледаат однадвор, објавува Призма.

БИРН во петокот ја посетил народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје, од каде што барале одговори зошто симболи од оваа иницијатива, чии што приврзаници ги предизвикале инцидентите во Собранието од 27 април, се поставени во канцеларијата, на што добиле одговор дека најверојатно некој додека се потпишувал во книгата за поддршка на претседателот, ги залепил и симболите.