Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов на тапет: Формирана комисија за негов импичмент

Иванов на тапет: Формирана комисија за негов импичмент

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата доцна попладне го изгласа составот на Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.

Составот беше изгласан со седум гласа „за“ и тројца „против“. Комисијата ќе брои 11 члена. Претседател на комисијата ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, а оваа пратеничка група ќе има уште пет члена, по два ДУИ и СДСМ и ДПА еден член.

Одлуката за формирање на оваа комисија во понеделник ќе се најде на дневен ред на собраниска седница. Со изгласување на одлуката од страна на Парламентот Комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Потоа тој треба да закаже нова седница на која што ќе се дебатира за извештајот и за утврдување одговорност на претседателот. За да биде изгласана предлог одлуката на опозицијата потребно е двотретинско мнозинство.