Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов на Ифтар во Јанче – Добрини меѓу соседите

Иванов на Ифтар во Јанче – Добрини меѓу соседите

Претседателот Ѓорге Иванов учествуваше на Ифтарска вечера во село Јанче, општина Маврово-Ростуше и таму најпрво им порача на верниците лесно да го издржат периодот на пост и им посака радост во семејствата, добрини меѓу соседите и блиските.

– Ме радува што повторно сум во овој крај, во кој кога природата давала не штедела, дала толку многу убавини, дала толку прекрасни предели, толку убава природа и луѓе, кои иако се од различни вери, меѓусебе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата која ни ја оставиле претците, рече Иванов и додаде дека има различни религии, но една вера – вера во Бога, изјави претседателот.

ivanov jance2

На оваа ифтарска вечера пристуваа и други политичари од македонскиот блок со цел да се испрати порака на спријателување, блискост и спознавање во текот на еден од најважните муслимански празници на добриот дух и себедавањето.