Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов ќе добие гаранции за унитарност иако самата програма на СДСМ е доволна

Иванов ќе добие гаранции за унитарност иако самата програма на СДСМ е доволна

СДСМ ги финишира гаранциите кои најави дека ќе му ги достави на претседателот Иванов за тој да биде уверен дека ако го даде мандатот за нова влада на Зоран Заев нема да се задира во унитарноста, нема да се менува Уставот и ќе се гарантира сувереноста и територијалниот интегритет. За гаранциите согласни се и коалиционите партнери на СДСМ во овој процес.

Средбата меѓу Иванов и Заев може да се случи уште на почетокот на работата недела, односно понеделник или втoрник, а потоа до крајот на неделата се очекува Иванов да се изјасни за доделувањето на мандатот. Од СДСМ и денеска преку писмено соопштение наведуваат дека:

„Постои Програма на реформската Влада што ја гарантира унитарноста на Република Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи.“

Комуникација меѓу СДСМ и Кабинетот на претседателот Иванов постои околу усогласување на текстот за гаранциите, а извори оттаму брифираат дека Иванов и натаму бара во таа гаранција да биде наведено дека Декларацијата на алабаснките партии, потпшишана во Тирана, нема да биде основа за формирање на влада.

Дали двете страни ќе успеат да постигнат усогласен текст, кој би резултирал со давање на мандтот ќе се знае до петок кога истекува рокот до кој Иванов треба да го додели мандатот. Експертите посочуваат дека Иванов постапува спротивно на Уставот и не смее мандатот да го условува на таков начин.

„Тоа е само мантра со која се држат во неизвесност и манипулација симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ кои мислат дека прават возвишен чин и шетаат по улиците на Македонија мислејќи дека ја бранат унитарноста на државата. Тиранската платформа нема ниту едно реално упориште. Ниту една од тие точки не можат да се реалзираат без ВМРО-ДПМНЕ. Спрема тоа апсурд е да барате нешто што не постои“, рече Тито Петсковски во вчерашната 24 Анализа.

И ДУИ во денешното соопштение нагласува дека партијата на Ахмети ќе го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа.

Иако, по средбата со американскиот висок претставник Хојт Ји се доби впечатотк дека Иванов ретерира во својот став – сепак само кратко потоа преку псимено соошштение повторно ја вратија во игра Тиранската платформа, која пак не беше пречка за Иванов, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараа за формирање на владата.

Извор: 24vesti.mk