Tuesday, May 21, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов и Иваниќ ќе им се обратат на бизнисмените

Иванов и Иваниќ ќе им се обратат на бизнисмените

Посетата на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ ќе биде искористена и за поврзување со бизнисмените меѓу двете земји. Се очекува заедно со претседателот Ивановд денеска да се обратат на бизнис-форумот во Скопје.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на бизнис форумот кој е предвидено да се одржи во Министерството за надворешни работи, ќе учествуваат стопанственици од Република Македонија и од Босна и Херцеговина.

Во присуство на претседателот Иванов и председавачот Иваниќ, ќе биде потпишана и Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.