Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов добива награди во БиХ, дома го чека импичмент

Иванов добива награди во БиХ, дома го чека импичмент

Претседателот Ѓорге Иванов е добитник на наградата „Иса бег Исаковиќ“ која доаѓа во исто време кога Собранието се подготвува за процедурата на негов импичмент и можна одговорност за селективната примена на аболицијата која создаде голем број конфликти во општетството и се уште е горливо прашање.

Комитетот за доделување на меѓународната награда „Иса бег Исаковиќ“ образложува на дека лауреатот Иванов е хуманист, доктор на правни науки, чиј целокупен опус е насочен на изградба на демократијата во поделените општества. – Претседателот Иванов веќе со години е еден од најагилните лидери во однос на регионалната соработка и помирување, велат од Комитетот.

– Оваа награда ја примам како признание за Република Македонија и за македонските граѓани. Ова признание е особено значајно бидејќи е посветено на голем визионер кој зад себе оставил трајни материјални и духовни мостови на мир, соживот и соработка, истакна претседателот Иванов по добивањето на наградата, што синоќа му беше врачена во Националниот театар во Сараево.

Во меѓувреме Собранието треба да донесе одлука за формирање на Комисија за за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата по што истата ќе треба да изготви извештај за основаноста за импичмент по што ќе се гласа со двотретинско мнозинство.