Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов да ги амнестира притворените, побара пратеникот Јовановски

Иванов да ги амнестира притворените, побара пратеникот Јовановски

Денес се најави почетокот на крајот на демократијата во Република Македонија. 36 чесни граѓани се уапсени за тероризам, рече Крсто Јовановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „А1он“.

Тој рече дека не е демократија тие што се навистина терористи да се ослободени, а чесните луѓе кои се притворени да се казнат за тероризам.

Јовановски го повика Иванов да ги амнестира притворените.

Тој рече дека луѓето кои што се внатре во Судот, 70 дена протестираа за демократија и слободна држава.

– Сите тие рано сабајле ги оставија своите деца во солзи. Оваа власт сака да згаси се пред себе, рече Јовановски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ им порача на судиите да направат разлика што е тероризам, а што патриотизам.

Јовановски исто така и се обрати и на полицијата која стои пред судот, велејќи им да се запрашаат кого всушност чуваат, при што додаде, дека ова ќе биде долга ноќ.