Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИсториско примирје на Колумбија со герилците

Историско примирје на Колумбија со герилците

Владата на Колумбија и претставници на герилската организација „FARC“ денеска во Хавана потпишаа договор за конечен прекин на огнот и разоружување на бунтовниците. Претседателот Хуан Мануел Сантос и лидерот на ФАРК Родриго Лондоно, познат како Тимоченко, го потпишаа договорот на церемонијата во Куба.

Со договорот се предвидува разоружување на околу 7 илјади герлици. Засега не се знае кога точно примирјето ќе стапи на сила. Предвидено е ОН, кои во јануари прифатиле да го надгледуваат мировниот процес, да бидат задолжени за собирање на оружјето од припадниците на „FARC“.
kolumbija primirje
„FARC“ е марксистичко-ленинистчка организација која води вооружена борба против власта на Колумбија уште од 1964. година, а главни цели ѝ се поголема права за селаните и борба против империјализмот. Според колумбиските медиуми, организацијата се финансира со киднапирања, илегално копање на злато, како и производство и шверц со дрога.
FARC
Преговорите кои започнале во Хавана во 2012. година, би требало да го завршат повеќе од 50-годишниот судир во кој загинаа над 200 илјади луѓе, а околу 7 милиони ги напуштија нивните домови.