Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОланд повика на смирување на состојбата во Сирија

Оланд повика на смирување на состојбата во Сирија

Конфликтите во Сирија во историјата ќе бидат набљудувани како срам за меѓународната заедница ако брзо не ја прекинеме, порача од Генералното собрание на ОН во Њујорк францускиот претседател Франсоа Оланд.

Во своето обраќање, Оланд истакна дека мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија и ги повика странските поддржувачи на сириската Влада да наметнат мир. Тој рече дека постои голем ризик Сирија да се распадне како држава и оти сириската Влада е одговорна за неуспехот на најновото примирје.

Извор: meta.mk