Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИса Болетини доби споменик во Сарај

Иса Болетини доби споменик во Сарај

Иса Болетини доби споменик во Сарај. Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во општината Сарај го откри споменикот на националниот херој, по повод стогодишнината од неговата смрт.

– Добредојде Иса Болетини. Ти го заслужуваш ова бидејќи го продолжи аманетот на тие што се бореле за албанските идеали. Твоите цели се остварени и сега ти си овде со нас, а тие што те навредуваа и работеа против тебе се под земја, заборавени, рече Ахмети. Добро е, додаде тој, да се види дека многумина ги продолжија твоите аманети насекаде каде што има Албанци. „Многумина патеа затоа што те поддржаа, но, на крајот се оствари твојот сон“, истакна лидерот на ДУИ.

Споменикот е донација од албански скулптор, а изградбата и поставувањето чинеле 18 милиони денари средства кои се обезбедени од општината Сарај.