HomeГИГА БАЈТСмартфонiPhone 6s нема да го тресе Bendgate

iPhone 6s нема да го тресе Bendgate

Една од главните определби на Apple уште при самиот старт на скицирање на новиот iPhone 6s е да го набави најцврстиот вид на алуминиум кој ќе издржи секаков вид на ненамерно превиткување и да го избегне Bendgate скандалот кој изби со претходните модели.

Тоа може и првично да се потврди со протекувањето на нова компонента. За да биде случајот поинтересен новата алуминиумска рамка прв ја има добиено истиот човек од каналот Unbox Therapy кој го започна скандалот Bendgate чиј тест не е фер и само сака да привлече сензација на интернет.

Доброто за Apple е што ваквиот глупав скандал воопшто не го наруши угледот и телефонот се продаде во стотина милиони примероци. Новите iPhone 6s и iPhone 6s Plus со подобриот и поиздржлив дизајн сигурно ќе бидат слатка мамка за нови купувачи стартувајќи од 9 септември.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com