Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИнцидентите и политичките пресметки фрлија сенка на мечот на Шкендија

Инцидентите и политичките пресметки фрлија сенка на мечот на Шкендија

Присуството на Зоран Заев на трибините на вчерашниот натпревар од квалификациите за Лига Европа на Шкендија против Гент ги зовре владините поддржувачи кои го обвинија за наводна поддршка на навивачите кои скандираа националистички и навредливи пораки, се вееја знамија за Голема Албанија и се величеа припадници на УЧК како и Бали Комбетар.

zaev-skendija

Сепак, Заев не бил единствен политичар кој го следел натпреварот, таму бил и вицепремиерот Пешевски но, него никој не го обвини дека е симпатизер на „Балистите“. Од ФК Шкендија се оградуваат од политичките пресметки и жалат што европскиот натпревар е одбележан со навреди и инциденти.

Во билтенот на МВР се забележани шест пријави против навивачи на Шкендија кои нападнале две лица на Источната трибина и на еден полицаец во цивил му го одзеле пиштолот. Шкендија не го оствари европскиот сон и загуби со 4:0 во реваншот на „Филип Втори“.