Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноИнтервју за работа – што сѐ открива говорот на телото?

Интервју за работа – што сѐ открива говорот на телото?

Доаѓа период на соочување со можеби еден од најголемите предизвици во вашиот живот – вработувањето, и знаете дека мора да се помине контролниот тест наречен интервју. Во тие 60 минути вие треба да го убедите работодавникот дека сте најдобриот кандидат кој треба да го добие работното место.

Направени се голем број на истажувања поврзани со самиот чин на интервјуирање кои покажуваат дека првиот впечаток кој го оставате на интервјуто се формира 7% од тоа што го зборувате, 38% од тонот на вашиот глас и дури 55% од говорот на телото. Токму затоа треба да обрнете внимание на следниве работи и да знаете какви сигнали треба да испраќа вашето тело.

ПОЛОЖБАТА НА ТЕЛОТО

Многу е битно да седите исправено, но без при тоа да изгледате како да сте здрвени. Така ќе изгледате посамоуверени во себе и поудобно ќе се чувствувате. Внимавајте да не изгледате и премногу опуштени и со свиени рамена бидејќи тоа е знак дека немате многу енергија и не внимавате на вашето однесување. Седењето на работ на столот и постојаното тресење со ногата, може да ја издаде вашата напнатост и нервоза.

polozba telo

Уште една напомена која ќе ви биде од корист: Опуштете се и наклонете се кон лицето кое ве интервјуира за 10 степени. Тоа ќе му даде сигнал дека сте заинтересирани и дека активно внимавате на сѐ што тој или таа ви зборува.

ПОЛОЖБА НА РАЦЕТЕ

Никако не смеете да си дозволите да ги ставите лактите на масата за да си ја потпрете главата. Ниту, пак, да ви бидат рацете под маса – така изгледате како да криете нешто. Држете ги рацете понастрана од вашето лице. Експертите за невербална комуникација сметаат дека допирањето на носот или усните за време на интервју значи дека кандидатот лаже или се обидува да го направи тоа.

Најдобрата позиција за рацете е да ги држите опуштени во скутот или на масата.

ПОГЛЕД

Директниот контакт со очите е и повеќе од задолжителен на интервју но внимавајте да го употребувате како што треба, во спротивно може да има негативен ефект. Експертите за невербална комуникација советуваат, кога вие зборувате, да одржувате контакт со очите на тој што ве интервјуира во времетраење од 10 секунди, потоа кратко да погледнете на страна и повторно да го воспоставите контактот.

Не погледнувајте надолу, тоа е знак дека не сте искрени или дека немате доволно самодоверба во тоа што го зборувате.

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ И НА ЈАЗИКОТ НА РАБОТОДАВНИКОТ

Колку што е потребно да внимавате на својот јазик на телото, така треба и активно да го посматрате тој што ве интервјуира.

Job-InterviewАко тој покажува знаци на здодевност (потпрена глава, загуба на директниот контакт со очите), потребно е да одговарате на прашањата покомпактно за да ја придобиете одново неговата заинтересираност. Кога ги скрстува рацете или се навалува наназад, тоа значи дека не се чувствува удобно. Можеби вие сте премногу наклонети кон него и му навлегувате во личното пространство. Ако нема помеѓу вас маса која ќе создава доволно простор меѓу вас, одржувајте растојание од околу еден метар за да може сите да се чувствуваат удобно.