Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВице Заев за Фактор: ВРЕМЕТО НА НАЧАЛНИШТВАТА И РЕКЕТАРСТВОТО ЗАВРШИ

Вице Заев за Фактор: ВРЕМЕТО НА НАЧАЛНИШТВАТА И РЕКЕТАРСТВОТО ЗАВРШИ

Вице Заев, братот на македонскиот премиер во ексклузивно интервју за Фактор.мк открива повеќе детали за бизнисите кои ги води и притисокот на јавноста и прв пат прговори за повеќе шпекулации кои кружат низ „чаршијата“. 

разговараше Христијан Станоевиќ

ФАКТОР Колкав е товарот да се биде брат на Зоран Заев моментално најмоќниот политичар во Македонија?

ВИЦЕ ЗАЕВ: Јас се гордеам што сум брат на Зоран Заев. Целото семејство е гордо на него. Секако дека и јас и сeмејството чувствуваме товар и одговорност, и тоа големи, токму поради тоа, како што велите вие, што е најмоќниот политичар во Македонија во едно време кое значи предизвик и шанса за државата. Прекрасно е чувството кое што го имам заради тоа што токму мојот брат е претседател на Владата на Република Македонија. Но, од друга страна, тоа предизвикува постојано да сум под лупа на јавноста, што е нормално. Тоа создава дополнителен притисок и бара поголема претпазливост, мора да внимаваш на секој чекор, постапка, да знаеш брзо, одмерено, одговорно и соодветно да реагираш во одредени ситуации. Затоа што токму со тоа мое однесување, моите постапки и гестови можам да му помогнам или одмогнам на мојот брат. И уште нешто многу важно. Во целото тоа мое однесување, мора да ја запазам автетичноста на карактерот и на личниот и на фамилијарниот, водејќи сметка за сите околу себе и за заедницата и за авторитетот на брат ми кој што во овој момент е премиер.

 

ВРЕМЕТО НА НАЧАЛНИШТВАТА И РЕКЕТАРСТВОТО ЗАВРШИ

 

ФАКТОР Вашето име е едно од почесто споменуваните во последно време, а пошироката јавност има впечаток дека станува збор за некоја мистериозна личност, која што од заднина ги контролира работите? Зошто Ве нема во јавноста?

ВИЦЕ ЗАЕВ Да, моето име во последно време доста се спомнува, и тоа често во лош контекст. Прво од политичкиот опонент кој тоа го прави само со единствена цел да го девалвира авторитетот на Зоки, второ, можеби одредени портали за да си го пополнат просторот, или пак иницијатива дава некој кој што има друга позадина, но тоа времето ќе го покаже. Просто се чудам на сите тие пишувања.Овие пет месеци колку што е Зоки премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело. Јас сум мирен човек, не се сметам за мистериозна личност, затоа што сум јавно достапна личност која што главно се движи во родниот град Струмица, каде што си ги вршам моите семејни и деловни обврски. Моите бизниси, лично што ги работам, и се врзани во Струмица и од тие причини не можам да бидам пасивен или изолиран од јавноста. Во однос на делот за контролата што ме прашавте. Одговорот е да, контролирам, ама само моите приватни работи и немам никакви други амбиции во врска со тоа прашање

ФАКТОР Дури некои Ве споредија со Сашо Мијалков поранешниот шеф на УБК, правејќи паралела во неговата роднинска релација со тогашниот премиер и вашата со сегашниот…Ја користите ли моќта на вашиот брат во бизнис цели?

ВИЦЕ ЗАЕВ Toa е резулат на слободата која настапи во нашето општество. Веројатно во недостаток на “началник” од типот на Сашо Мијалков кој што веќе нема политичка моќ, на луѓето се уште им треба време да разберат дека времето на началништвата и рекетарствата заврши. Ни од далеку не се споредувам ни со ликот, ниту со делата на Сашо Мијалков. Инаку, Зоки е на политичка позиција од 2003 година како пратеник до 2005 година, а од 2005 до 2017 градоначалник на Струмица, а сега премиер и ниту во минатото, ниту пак во иднина, не сакам и не можам да ја користам позицијата на брат ми за бизнис цели, бидејќи моите бизниси ни тогаш ниту сега се поврзани со локалната или сега со извршната власт. Моите бизниси се натпреваруваат на пазарот и мојот успех на тоа поле зависи од умешноста, креативноста и храброста во водењето на тие мои бизниси.

Повеќе детали од интервјуто на Вице Заев за Фактор прочитајте во продолжение на следниов линк.