Sunday, May 12, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИнтер го доведе шампионот на Европа!

Интер го доведе шампионот на Европа!

Жоао Марио е нов фудбалер на Интер. Повеќе нема дилеми, клубовите се договориле и ова ќе биде реркоден трансфер за Спортинг Лисабон. Имено, од овој трансфер ќе заработат 37 милиони евра, додека уште осум ќе инкасира менаџерската агенција која го држи договорот на фудбалерот. Португалецот од самиот почеток инсистираше на трансфер во Серија А, за на крај да му се исполни желбата.

Главните португалски медиуми потврдија дека трансферот е готов. Тие пренесуваат дека желбата на фудбалерот да ги напушти Спортинг и да премине во редовите на Интер биле одлучувачка за да се случи овој трансфер. Жоао Марио како помлад беше и член на Порто, но многу рано премина во редовите на Спортинг. Има 23 години, беше праќан и на позајмица, но веќе три години е стандарден член во тимот на Спортинг.