Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИмето нема да биде тема на средбата Димитров – Коѕиас

Името нема да биде тема на средбата Димитров – Коѕиас

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров утре во Атина со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас нема да разговара за спорот за името, туку за продлабочување и за интензивирање на односите со јужниот сосед, изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот рече дека првичните разговори меѓу него и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, даваат оптимизам за градење пријателски односи со Грција, од која ќе бараат поддршка за одблокирање и за продолжување на интеграциските процеси на земјата кон ЕУ и кон НАТО.

Премиерот додаде дека ќе го поканат посредникот на ОН во преговорите за името, Метју Нимиц, наскоро да ги посети Македонија и Грција и го повтори ставот дека решавањето на проблемот за името ќе го договараат заеднички со опозицијата, а конечниот предлог ќе оди на референдум.